Жежок пречек за Феенорд – Во Ротердам навивачите ги нападнаа со шишиња и факли

Фудбалската експедиција на Феенорд имаше жежок пречек од своите навивачи во Ротердам, а автобусот со играчите беше нападнат со цел арсенал.

Симпатизерите на клубот што се посрамоти и прими 4 гола во вечното холандско дерби против Ајакс го гаѓаа автобусот со факли и стаклени шишиња, но, за среќа, нема настрадани.

Потоа фудбалерите на клубот од Ротердам разговараа со бесните навивачи, па атмосферата се смири. Разговор со навивачите одби легендата на холандскиот фудбал, сега тренер на Феенорд, Јап Стам, кој си замина.

Ајакс денеска во Амстердма го декласира вечниот ривал во најголемото холандско дерби и со 4 гола во првото полувреме лесно ги разреши дилемите околу победникот. Мечот заврши со резултат од 4:0.

- Оглас -

Најнови вести