Еден од лидерите на табелата во шпанската Ла Лига, екипата на Жирона, игра и во Купот на кралот и веќе ја мина и втората пречка во ова натпреварување. Малиот клуб од Каталонија со убедливи 2-5 славеше на гостувањето кај четвртолигашот Орихуела, иако на полувремето имаше негатива од 2-1.
Во следната фаза се и екипите на Атлетик Билбао и Селта Виго, кои слично како Жирона, забележаа гостински победи над Кајон со 0-3, односно Сестао со 1-2.