Жиру испрати порака до Арсенал по финалето (видео)

Оливие Жиру вчера беше еден од инспираторите на Челзи во доминантната победа над Арсенал со 4-1 во финалето од Лигата на Европа. За неговиот прв европски пехар во кариерата тој придонесе со еден гол и една асистенција, а врз него беше направен и фаулот за пенал по кој Сините поведоа со 3-0.

Поранешниот Топчија се извини откако го постигна водечкиот гол за Челзи, сепак ги бранеше боите на Арсенал цели шест години, но подоцна при прославата не испушти да се шегува на нивна сметка. Имено, Французинот се заблагодари на тимот од Северен Лондон притоа покажувајќи го освоениот трофеј во забавата која продолжи од стадионот во Баку во клупскиот автобус.

https://twitter.com/Mohd20036/status/1133876679414300673?s=19

Инаку, Жиру ја заврши сезоната во Лигата на Европа како најдобар стрелец со 11 погодоци, со вчерашниот гол брои еден повеќе од голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести