21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Жиру после 13 години се враќа во француската лига

Искусниот француски напаѓач Оливие Жиру ќе одигра уште еден натпревар во дресот на Лос Анџелес ФК, а потоа ќе си замине и ќе потпише за Лил.

За 38-годишниот Жиру тоа би било враќање во француската Лига 1 после 13 години. Во сезоната 2011/2012, тој настапуваше за Монпелје, од каде прејде во Арсенал, а подоцна играше и за Челзи и Милан, пред лани да замине во Лос Анџелес каде не го живееше американскиот сон и реши да се врати дома.

На 37 натпревари во сите натпреварувања со калифорнискиот тим, постигна 5 гола, а имаше и три асистенции. Неговиот договор истекува во декември, но може да замине на шест месеци пред истекот, и со тоа да направи место за Томас Милер со кого се водат преговори за премин во ЛА.

Во Лил, Жиру треба да ја пополни празнината по најавеното заминување на Канаѓанецот Џонатан Давид.

- Оглас -

Најнови вести