Оливие Жиру претходно денеска пристигна во Милано за да ги изврши медицинските прегледи во пресрет на трансферот во Милан. Росонерите ќе платат еден милион евра во кеш и уште толку во бонуси на Челзи, додека искусниот француски напаѓач стави потпис на двегодишна соработка.
Жиру во меѓувреме се прости од европскиот првак чии бои бранеше три и пол години.
„До сите Сини, моите соиграчи и тренери, до целиот клуб, ви благодарам за сите посебни моменти. Почнувам нова авантура со среќно срце. Нашите победи во ФА Купот, Лигата на Европа и Лигата на шампионите беа феноменални. Со љубов, Оли“, напиша Жиру на својот твитер-профил.
Жиру во јануари 2018 година го напушти Арсенал за лутиот градски ривал, покрај трите освоени трофеи кои ги напомена, запиша 119 настапи со учинок од 39 погодоци.
https://twitter.com/_OlivierGiroud_/status/1416073154598944774