20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Жиру во мисија да го скрши проклетството во Милан

Милан го потврди ангажманот на Оливие Жиру од Челзи, за сума од два милиони евра, од кои половина ќе се исплатат во бонуси. Искусниот француски голгетер потпиша двегодишен договор, а со потегот да го задолжи бројот 9 на дресот започна исклучително тешка мисија.

На „Сан Сиро“ владее проклетство со бројот кој некогаш многу успешно го носеше Филипо Инѕаги, но откако популарниот Пипо ги закачи копачките на клин, се нема појавено јунак кој ја оправда „деветката“ на својот грб. По него, дури 10 фудбалери носеле дрес на Милан со бројот 9 и ниту еден од нив не може да се пофали со добра статистика.

Почнувајќи од Алесандре Пато, Алесандро Матри, Фернандо Торес, Матија Дестро, Луиз Адријано, Џанлука Лападула, Андре Силва, Гонзало Игуаин, Кжиштоф Пјонтек и до неодамна Марио Манџукиќ, заедно бројат само 44 погодоци во 201 настап носејќи го бројот 9 на дресовите.

Дали со Жиру ќе биде ставен крај на проклетството, ќе покаже времето.

- Оглас -

Најнови вести