4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Жиру за три години освои три трофеи со Челзи, вечер ќе игра против нив во дресот на Лос Анџелес

Денешната програма на Светското клупско првенство ја отвораат Челзи и Лос Анџелес ФК. Овој меч ќе се игра во Атланта, со почеток во 21 часот по македонско време, а ќе биде посебно привлечен за францускиот напаѓач Оливие Жиру.

Жиру од 2018 до 2021 година го носеше дресот на Челзи, даде 39 гола за тимот, а сега е предводник на нападот на американскиот тим. Во периодот додека играше за лондонските Сини, Жиру ги освои и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а еднаш и англискиот ФА куп.

Во Лос Анџелес има уште едно добро познато фудбалско име од Франција, тоа е голманот Уго Љорис.

Според квотите во Sport Life, Челзи е голем фаворит за победа, но и тимот од Лос Анџелес има свои адути кои ќе се обиде да ги искористи.

- Оглас -

Најнови вести