Животна желба на Лукаку му е да игра во Италија

Ромелу Лукаку сака по заминувањето од Манчестер јунајтед, кариерата да ја продолжи во некој италијански клуб. Белгискиот напаѓач испрати отворена покана до сите тимови од Серија А кои би сакале да го видат во своите редови.

„Кога си отидов од Челзи, имав можност за трансфер во Јувентус. Тогаш не чувствував дека е вистински момент, имаше нешто што не ме убедуваше доволно да заминам таму. Серија А е сон, ако одам таму, за мене би било остварување на сонот. Се надевам дека еден ден ќе играм во Италија, но сега сум сконцентриран само на Манчестер и борбата за четврто место“ – изјави 25-годишниот Лукаку кој сезонава има 15 гола.

Следниот меч на „црвените ѓаволи“ е против Челзи, тим чиј дрес го носеше Лукаку, во времето кога тренер беше Жозе Мурињо.

„Сакав да играм за Челзи, но Мурињо не ми дозволуваше и затоа си заминав. Не се скарав со Жозе, но мислев дека кога работите не се како што треба, подобро е да си заминам. Сепак, тој ми помогна многу, вечно ќе му бидам благодарен“ – објаснува Лукаку.

 

- Оглас -

Најнови вести