Тешка повреда на главата доживеа хрватскиот кошаркар Анте Жижиќ за време на мечот од израелското првенство меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Хаифа. Жижиќ со главата удри во паркетот и остана неподвижен да лежи.
Несреќниот момент се случи во втората четвртина, кога по една акција, Жижиќ жестоко падна и тресна во паркетот.
Жижиќ веднаш почна да се тресе, а играчите на двата тима панично викаа по лекарската помош. Одличниот кошаркар веднаш бил пренесен во болница, а дополнително ќе има информации за неговата состојба.