Жоао Феликс има јасна визија за иднината, но не зависи само од него

Жоао Феликс има запазена улога во тимот на Барселона сезонава. Португалскиот репрезентативец одигра 34 меча во сите натпреварувања и постигна девет гола, што доволно покажува дека е важна алка во составот.

Феликс јавно вели дека неговата желба е да остане во Барселона и следната сезона, но сепак тоа не зависи само од него. Офанзивниот играч сезонава игра како позајмен играч во каталонскиот гигант, и тоа од тимот на Атлетико Мадрид, каде што не добиваше шанса да го покаже својот квалитет.

„Мојата позиција е јасна, сакам да останам во Барселона. Со сигурност ќе се радувам ако останам тука. И семејството ми е среќно тука. Сепак, не зависи само од мене. Ќе видиме што ќе се случи, но јас сакам да играм на „Камп ноу“. Би сакал и тренерот Чави да го промени мислењето и да остане тука и за наредната сезона. Тој е одличен тренер и има одлични идеи“, вели Феликс.

Португалецот е дел од Атлетико Мадрид од 2019 година, а една година помина и како позајмен играч во Челзи.

- Оглас -

Најнови вести