Жонас не сака да ја чека бразилската 13-ка, му вели збогум на фудбалот

Жонас Гонсалвес Оливеира најави дека ќе се прости од активното играње фудбал, а поранешниот репрезентативец на Бразил нема да ја дочека „тринаесетката“.

Има 12 настапи за „кариоките“, но и 35 години и сè повеќе проблеми со повредите, па според најавите, крајот на една богата фудбалска кариера е тука некаде.

Жонас има 35 години, а и сезонава и покрај сите проблеми, со 15 гола на 31 меч беше една од главните алки во тимот што ја освои шампионската круна во Португалија.

Во кариерата играше за големиот Сантош од Бразил, потоа и за Гремио, а во Европа пристигна во Валенсија. Одигра 113 натпревари за популарните „лилјаци“ во Ла Лига и постигна 36 погодоци, а на „Месталја“ беше од 2011 до 2014 година.

Потоа се пресели во Лисабон, во редовите на Бенфика, каде што игра од септември 2014 година досега. Со популарните „орли“ освои 4 титули, два трофеи во Лига купот и еден во националниот куп, досега одигра 132 меча и постигна импресивни 110 гола.

Како играше во Португалија, покажуваат и индивидуалните признанија, а ги има вкупно 4, и тоа мошне вредни. Во 2015 и 2016 година беше најдобар играч во Португалија, а во 2016 година и лани и прв стрелец во португалското првенство.

- Оглас -

Најнови вести