Жорди Алба уште пет сезони во Барселона

Жорди Алба се согласи да ја продолжи соработката со Барселона откако денес потпиша нов договор кој ќе важи до јуни 2024 година. Веќе извесно време се најавуваше овој потпис, а денес стигна потврдата од шпанскиот првак. Новата клаузула на бекот изнесува енормни 500 милиони евра.

Алба е незаменлив на левата бековска позиција уште по преселбата од Валенсија во 2012 година. Во сите натпреварувања настапи на 282 натпревари, на кои реализираше 14 погодоци и неверојатни 54 асистенции. Тој е играчот кој му наместил најмногу голови на Лео Меси, дури 20 пати му асистирал на Аргентинецот.

Пред неколку натпревари ја прослави јубилејната 200-та победа во дресот на Каталонците, во победата од 6-1 над Севилја во реванш-мечот во четврт-финалето од Купот на Кралот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести