Ждрепката за ЛШ е напладне, никој од носителите не сака да им се падне ПСЖ или Ливерпул

Денеска точно напладне во Нион ќе се изврши ждрепката за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, а фановите најмногу ги интересира кому ќе му се паднат Пари Сен Жермен и Ливерпул, кои се во групата на неносители.

Во првиот шешир се: Баерн, Бенфика, Челзи, Манчестер сити, Наполи, Порто, Реал Мадрид и Тотенхем.

Во вториот се: Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт, Интер, Лајпциг, Ливерпул, Милан и ПСЖ.

Има две ограничувања, не може да се паднат носител со носител или неносител со неносител, а еден против друг не може да играат ниту два тима од иста земја.

Ова придонесува Баерн да има само четири можни ривали: Бриж, Ливерпул, Милан или ПСЖ. Математички е пресметано дека најверојатен пар е Баерн – Ливерпул, но тоа не мора ништо да значи.

Првите осминафинални средби се играат на 14/15 февруари и 21/22 февруари, додека реваншите се на 7/8 и 14/15 март.

- Оглас -

Најнови вести