Жртвите на пожарот во Фламенго, се на возраст од 14 до 16 години

Идентификувани се сите 10 жртви од пожарот во Рио де Жанеиро, а во кој згаснаа десет млади животи и идни професионални фудбалери. Најмладиот има 14, а најстариот загинат 16 години. Вината за катастрофалниот пожар е кај клима уредите кои се запалиле. За жал, пожарот бил во стариот дел од кампот, во кој нема противпожарен аларм. Тие што го почувствувале чадот, успеале да побегнат, другите што спиеле поцврсто, ја немале таа среќа. Има и тројца повредени, од кои еден е во најтешка состојба, бидејќи 30 проценти од телото му е изгорено.

Артур Винисиус Силва денеска требаше да наполни 15 години, но судбината сакаше тој на еден ден пред роденденот да биде меѓу десетте мртви кои трагично настрадаа во големиот пожар кој ја зафати зградата од тренинг центарот на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго. Артур Винисиус бил дете на кумот на некогашниот бразилски репрезентативец и екс член на Јувентус, Фелипе Мело.

Мело како дете живеел во куќата на родителите на Артур Винисиус, а иако не се крвно поврзани, биле многу блиски.

„Се чувствувам како да умрел член на моето семејство. Такви ми се чувствата кон момчето. Тој честопати ме викаше вујче“ – раскажува Мело.

- Оглас -

Најнови вести