Пред мечот ГРК Охрид – Потаиса Турда од европскиот куп во ракомет, во Охрид владее убаво расположение и со нетрпение се чека првиот европски меч после седум години.
Пред салата „Билјанини извори“, ечи музика која ја пушта DJ Face, има и закуска за посетителите, а тука е и фан-шопот во кој девојки во сино-бело продаваат разни реквизити.