Зидан ќе му биде тренер на Меси во Интер?

Сопственикот на Интер од Мајами, поранешната англиска фудбалска суперѕвезда Дејвид Бекам, го поканил Лионел Меси да потпише за неговиот клуб во летото 2021 година.

Новиот фудбалски клуб од Мајами од следната сезона ќе почне да се натпреварува во МЛС-лигата, а газдата Бекам има сериозни планови. Интер ќе му понуди на Меси плата која нема да може да ја одбие. Аргентинецот во договорот со Барса, кој му важи до 30 јуни 2021, има клаузула дека може како слободен да си замине уште летото 2020, но желбата на Меси е остане во Европа најмалку уште оваа и наредната сезона.

Меси е повреден и уште нема заиграно сезонава, нема да игра ниту викендов против Валенсија, па полека почнува да размислува и за тоа што ќе биде за две години.

Неодамна шпанските медиуми објавија дека Бекам сака да привлече и познат тренер во Интер и дека изборот паднал на неговиот пријател Зинедин Зидан, со кого играа заедно во Реал Мадрид. Зидан е тренер на Реал, но ако не освои ништо сезонава, лесно може да се случи да си замине од клубот. Ако се случи Зизу да го напушти Реал, Бекам веднаш ќе реагира и ќе му понуди договор.

- Оглас -

Најнови вести