Лука Јовиќ ќе остане во Реал Мадрид најмалку уште една сезона, иако шпанските медиуми објавија дека челниците на Кралскиот клуб размислуваат да го продадат.
Јовиќ не ги оправда очекувањата на најтрофејниот европски клуб, а беше скапо платен. Трансферот од Ајнтрахт го чинеше Реал Мадрид 60 милиони евра, а иако потфрли во првата сезона, Зинедин Зидан изјави дека Лука е одличен играч и дека останува во клубот.
„Јовиќ е одличен играч и сметаме на него и за идната сезона“, вели тренерот на Реал Мадрид. Денеска „Марка“ објави дека Јовиќ мора да биде во карантин бидејќи бил во контакт со пријател од Белград што има позитивен тест на корона-вирус.
Тоа е само еден од проблематичните потези на младата српска фудбалска ѕвезда, но Зидан милси поинаку и очекува од Јовиќ да го потврди раскошниот талент што го најави со блескавите игри и голови во Ајнтрахт Франкфурт.