Потегот на Зидан и во Мундобаскетот, настрада Џентиле (Видео)

По првите две кола Италија немаше милост против своите ривали. Откако со 46 разлика ги победи Филипини на стартот, денеска беа убедливи и против Ангола (92:61). Иако имаше над 150 поени, потегот на мечот беше од неспортски карактер, а го имаше Леонел Паоло од Ангола.

Во последната минута од мечот јасно беше дека Италија убедливо ќе победи, но се случи инцидент. Алесандро Џентиле го оттурна Паоло, а овој реши веднаш да му врати, па прво го турна, па потоа и го удри со глава во лицето. Овој потег на Паоло потсети на светското фдубалско првенство од 2006 година, кога во финалето Зинедин Зидан со глава во градите го удри Марко Матераци.

Сега, 13 години подоцна, на Мундобаскетот повторно со удар со глава беше нападнат италијански репрезентативец, а противникот беше исклучен.

 

- Оглас -

Најнови вести