Зидан седнува на клупата на ПСЖ?!

Зинедин Зидан по заминувањето од клупата на Реал Мадрид, е без анганжман. Тој се најавуваше како можен наследник на Дидие Дешан на клупата на Франција, но од Фудбалската федерација одлучија да му дадат доверба на досегашниот селектор.

Според француските медиуми, Зинедин Зидан налето ќе седне на клупата на ПСЖ. Раководството на Светците не е задоволно од резултатите на Кристоф Галтие бидејќи врвните амбиции на ПСЖ ни од далеку не се остварени.

Во игра за клупата на ПСЖ беа и Антонио Конте, Жозе Мурињо и Луис Енрике. Сепак, во прв план сега е имаето на Зинедин Зидан, кој на клупата на Реал Мадрид покажа врвни тренерски квалитети и резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести