Зидан со одлични вести на првиот прес: Азар и Асенсио се подготвени за настап

Реал Мадрид утре стартува со обврските во Ла Лига по три месеци пауза, на привремениот домашен терен „Алфредо Ди Стефано“ Кралевите ќе го пречекаат тимот на Ејбар во рамки од 28-то коло.

Во пресрет на мечот Зинедин Зидан ја одржата првата прес-конрефенција по пандемијата со корона-вирусот и соопшти одлични вести. Еден Азар и Марко Асенсио, претходно повредените ѕвезди на Реал потполно закрепнаа и ќе бидат подготвени за настап на утрешниот дуел.

„Добрите вести се што повредените играчи имаа време да закрепнат во периодот додека траеше паузата. Азар и Асенсио изминативе денови нормално тренираа со останатите играчи така што ќе бидат подготвени за настап“, истакна Зидан.

Дуелот Реал Мадрид – Ејбар е закажан за утре во 19:30 часот, во којшто Реал ќе се обиде да издвои триумф за да остане во трката со Барселона за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести