15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Зијех се прости од Ајакс со трета по ред награда за фудбалер на годината

Ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијех, го напушта клубот со трето по ред одличје за најдобар фудбалер. Мароканецот е прогласен за најдобар во редовите на Копјаниците откако сезоната во Холандија е откажана и нема да се доигра.

Зијех пред прекинот запиша вкупно 35 настапи, на кои реализира осум погодоци и 21 асистенција, од кои 13 му се во Ередивизие. Офанзивецот од 1 јули и официјално ќе ја оствари преселбата во Челзи, односно трансферот кој се договори во февруари за сума од 45 милиони евра.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1261336816940191744

- Оглас -

Најнови вести