Зијеш ја презеде работата во свои раце, го отпушти агентот

Хаким Зијеш по 12 години ја прекина соработката со агентот Нахли Мондијал, па околу својата кариера сам ќе одлучува.

Мароканската ѕвезда сака самиот да ги преговара условите за секоја идна соработка, а одлуката ја донесе непосредно пред неговото заминување од Челзи. Како што е познато Зијеш е блиску до преселба во Милан, каде што веројатно ќе оди како позајмен играч со опција Росонерите да го откупат неговиот договор.

„Стигнав до точка во животот каде што чувствувам дека е време да ја преземам контролата на мојата кариера. Сам сакам да носам одлуки околу кариерата. Во иднина, јас и мојот тим во присуство на правници ќе ги извршуваме бизнис зделките“, објави Зијеш на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести