Зимбабве обвинува: Камерунците нè победија со црна магија (фото)

Вчера започна шестото издание на  Африканското првенство кое се одржува во Камерун, а токму домаќинот тргна со победа од 1-0 против Зимбабве во првото коло.

Меѓутоа од таборот на Зимбабве се обидуваат да направат скандал, откако селекторот Здравко Логарушиќ се фотографираше со починат лилјак поставен на теренот, обвинувајќи дека се работи за црна магија.

Лилјакот бил забележан пред почетокот на натпреварот, а откако Камерун славеше минимално, ги обвинија домаќините дека црната магија делувала во нивна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести