Зинченко не може да ги сопре солзите за Украина: Да не беше ќерка ми, ќе се борев со пушка в рака

Олександр Зинченко е еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин и на неговата инвазија на Украина, а играчот на Манчестер сити вели дека неговата земја никогаш нема да се предаде и дека ќе се бори до последен здив.

„Ние Украинците сме горд народ и никогаш не се откажуваме. Сега сме нападнати, но никогаш нема да се предадеме. Попрво ќе умреме, отколку да дозволиме да победи агресорот. Плачам постојано, откако не нападнаа, а би заминал и да се борам со пушка в рака, да не беше мојата ќерка“, вели Зинченко во интервју за Би-Би-Си.

Тој уште на првиот ден од нападот на Русија во Украина го нападна Владимир Путин и му посака да умре со објава на Инстраграм, која потоа беше избришана.

Зинченко не играше на последните два меча на Манчестер сити во Премиерлигата, но беше капитен во мечот од ФА купот против Питерборо, а излезе на терен со украинското знаме.

„Тажен сум бидејќи секој ден гледам фотографии од уништувањето на мојата земја и загинати луѓе. Каква е таа мировна операција кога сте нападнати од друга земја. Се молам што побзро да заврши ова лудило и воената агресија мора да се сопре. Знам одеднаш да се расплачам. Ми се случува постојано во последните денови, на пат кон тренинг центарот, дома. ноќекога се обидувам да заспијам. Постојано сум со мислите со мојот храбар народ“, додаде Зинченко.

Се уште не се знае дали 25-годишниот капитен на Украина и фудбалер на Манчестер сити ќе игра на градското дерби со Манчестер јунајтед, утре од 17.30 часот.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести