Златан Ибрахимовиќ „потпиша“ за Хамарби! (Видео)

Прославениот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ утрово сподели фотографија со дрес на шведскиот клуб Хамарби на кој стои неговото презиме и тоа беше доволна причина да почне да се шпекулира дека Ибра се враќа во родната земја.

Според шведските медиуми, спортскиот директор на Хамарби бил во Лос Анџелес и се видел со Златан, но нема информација што договориле. Од клубот нема ниту потврда, ниту демант.

„Ибрахимовиќ не е со нас и немам што понатаму да кажам на оваа тема. Ако стане наш играч, поточно ако потпише, ќе го објавиме тоа официјална на интернет-страницата“, рече портпаролот на клубот.

Сепак, шведската лига е завршена и Ибрахимовиќ поверојатно е во јануари да замине во некој италијански клуб. Нема да биде изненадување ако ова со Хамарби е маркетиншки трик бидејќи една обложувалница во која Ибрахимовиќ е еден од сопствениците е главен спонзор на шведскиот вицепрвак кој сезонава за еден бод остана без титула.

- Оглас -

Најнови вести