Златан откри дека само во една ситуација можел да продолжел да игра

Златан Ибрахимовиќ синоќа одлучи да стави крај на играчката кариера, и тоа на 42 години. Додека Ибра не го зеде микрофонот во раце за да зборува, никој претходно не знаел за одлуката на шведскиот голгетер, па дури ни неговите најблиски.

„Да, повеќе не сум фудбалер, и тоа на никому му го немав кажано до објавата на стадионот. Ниту на семејството, ниту на најблиските пријатели. Ви благодарам на трпението што го имавте кон мене во текот на целата кариера. Сега ќе имате помалку работа. Сега сум слободен и можам да отворам ново поглавје во животот. Точно е дека имав понуди, но одлучив дека е доста“, вели Ибрахимовиќ.

Фудбалерот кој од 1999 година беше активен на професионалната сцената вели дека само во една ситуација можело да се случи уште да игра.

„Да беше жив Мино Рајола, ќе морав да продолжам уште да играм бидејќи ќе ме тераше да му плаќам проценти од мојот трансфер. Извини мил Мино, но тоа е вистината…“, се пошегува Златан, а потоа во негов стил објасни зошто вчера врнело во Милано. „Денот започна со дожд, а јас веднаш си помислив дека тоа е Господ кој е тажен затоа што Златан си заминува. Потоа и на трибините на стадионот имаше луѓе кои плачеа за мене. Покажав дека сум Супермен со големо срце“, додаде Ибрахимовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести