35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Златан уште овој месец ќе го облече дресот на Шведска

Додека Златан Ибрахимовиќ закрепнува од последната повреда и воедно прави шоу на музичкиот фестивал „Сан Ремо“, сè почести се шпекулациите дека по пет години пауза ќе го облече дресот на шведската репрезентација.

На 39 години Златан потврдува дека не е за старо железо со импресивните бројки кои ги забележа настапувајќи за Милан сезонава, па затоа е блиску до камбек во Шведска.

Наводно, уште овој месец во првиот циклус од мундијалските квалификации, Ибрахимовиќ ќе се најде на списокот играчи на Шведска за дуелите против Грузија на 25 и Косово на 28 март. Тоа ќе биде потврда дека Ибрахимовиќ ќе настапи и на претстојното Европско првенство, во кое Швеѓаните патот до нокаут фазата ќе го бараат во групата преку Шпанија, Полска и Словачка.

Ибрахимовиќ инаку е апсолутен рекордер на Шведска со 116 настапи и 62 погодоци, статистика која во наредниот период ќе може да ја подобри.

https://twitter.com/_BeFoot/status/1368146643539931144

- Оглас -

Најнови вести