Златан во двојна мисија: Плејоф за Галакси и Златна копачка во МЛС лигата

ЛА галакси – Монтреал импакт (04:30ч – МЛС лига)

Неуспешната низа од четири меча без победа Галакси ја прекина со убедливите 7-2 над Канзас пред пет дена. Во голеадата најмногу се истакна првата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој запиша хет-трик, а воедно ја продолжи голгетерската форма и сега конкурира за Златната копачка во американскиот шампионат.

Искусниот Швеѓанец моментално е неприкосновен, во изминативе осум средби постигна 10 погодоци, а знаејќи го неговиот карактер Златан нема намера да застане тука. Уште едно негово брилијантно издание ќе го одведе поблиску до остварување на двете мисии – наградата за најдобар стрелец, но и да придонесе во обезбедувањето на место во разигрувањата.

На четири меча до крајот на регуларниот дел, Галакси има 45 бода и е на петтото место во Западната конференција, а со евентуален триумф над Монтреал работата ќе биде речиси завршена, а воедно ќе се продолжи и победничката низа на три последователни средби против канадскиот тим.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.45)

 

Њу Ингланд револушн – Реал Солт Лејк (01:30ч – МЛС лига)

Солт Лејк е во многу поповолна позиција отколку Њу Инглад кога станува збор за борбата за пласман во разигрувањата. Вечерашните гости е четврти на Западот, додека Њу Ингланд по 30 меча има 40 бода и виси на седмата позиција во Источната конрефенција. И двете екипи целат на три бода во овој дуел, особено домашниот состав кои веќе три меча трагаат по позитивен резултат.

Ретко кога натпревар на овие два тима завршува без победник, во петте последни средби Њу Ингланд и Солт Лејк имаат по две победи, а ремито во јули 2016 е единствениот меч кој завршил без голови. Просечно се постигнуваат по три гола, а најчесто слави домаќинот, во овој случај среќата им се насмевнува на Револуционерите.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.96)

 

Aтлетико Тукуман – Индепендиенте (01ч – Аргентина Суперлига, седмо коло)

Индепендиенте не може да воспостави стабилност и во петте претходни меча во првенството освоија само седум бода. Тукуман одигра еден дуел повеќе, но нивниот учинок е четири порази и две победи, па така и двете екипи се во вториот дел од табелата. Но, она што оди во полза на домаќините се трите последователни победи против Индепендиенте во исто толку претходни средби.

Тој учинок треба да им биде мотив за ноќеска да се обезбеди позитивен резултат, но Индепендиенте ќе се обиде да изненади и да освои нови три бода на гости. Иако екипите не се голгетерски расположени, нивните поранешни дуели велат дека ноќеска мрежите нема да мируваат.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.75)

 

Сантос – Гремио (02ч – Бразил Серија А, 20-то коло)

Дербито на колото во бразилскиот шампионат ќе се игра во Сао Пауло, каде што Сантос го пречекува тимот на Гремио. Домаќините во пресрет на овој дуел се во турбулентна форма која ќе сакаат да ја поправат што побрзо. Во претходните пет меча во шампионатот, Сантос издвои само еден триумф и по два порази и ремија. Гремио пак е во солидна низа и пет меча не знае за пораз, а нов позитивен резултат ќе ги одведе поблиску до местата кои значат пласман во Копа Либертадорес.

Сантос е третиот најефикасен тим во Серија А со 30 гола, Гремио досега постигна 27 погодоци на 19 меча. Во изминатите шест меѓусебни средби, само еднаш овие две екипи постигнале повеќе од три гола, тоа беше во мај 2018 година кога Гремио се радуваше со високи 5-1. Тоа е најава за тврд меч, а можеби и еден гол ќе го идвои победникот.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести