Никола Јокиќ си поигрува со бројките во НБА-лигата и од ноќеска е првиот центар во историјата на НБА-лигата што успеал да забележи 79 трипл-дабл ефекти.
Со 15 поени, 13 скока и 14 асистенции Златната грутка на Денвер го претрка и легендарниот Вилт Чембрлен и сега е на врвот во конкуренција на сите центри што низ историјата играле во најсилната кошаркарска лига на светот.
https://twitter.com/ESPNNBA/status/1588350737435738112?s=20&t=0-B2vZc7klstPdYYPMPP6A
Денвер како гостин ја победи Оклахома сити тандер со 122:110, а Јокиќ се проби на шестото место вкупно во историјата на НБА според бројот на тројни ефекти.
Congrats to Nikola Jokic of the @nuggets for moving up to 6th on the All-Time TRIPLE-DOUBLES list! pic.twitter.com/njUbjnNYIT
— NBA (@NBA) November 4, 2022
Многу повозбудливо беше во Орландо, каде што Меџик приреди сензација со триумф против шампионот Голден стејт вориорс.
До победа од 130:129 ги предводеше Џејлен Сагс со 26 поени, од кои една тројка што беше исклучително тешка за погодување и тоа во финишот на мечот.
https://twitter.com/NBA/status/1588347866728333312?s=20&t=0-B2vZc7klstPdYYPMPP6A
Клеј Томпсон промаши шут за победа на Воините, а го заврши мечот со 27 поени како најефикасен зад Стефон Кари, кој беше прв кошгетер на мечот со 39 поени.
Голден стејт има биланс од 3-6 во победи и неверојатни 0-5 кога гостува во новата сезона.