Англискиот второлигаш Бирмингaм наводно е во преговори со Алешандре Пато, поранешниот напаѓач на Милан. Златното момче од 2009 година моментално е слободен агент откако во август годинава го раскина договорот со Сао Паоло, каде што не се изнаигра минатата сезона.
Некогашниот голем бразилски талент по сите изгледи стигна ново скалило подолу во кариерата, со оглед на потенцијалот кој го поседуваше во дресот на Росонерите. Бројните повреди во периодот од 2011 до 2013 година многу влијаеја врз развојот на сега веќе 31-годишниот Пато.
Имаше неколку неуспешни обиди да ја оживее кариерата во Вилјареал и Челзи, во татковината уште играше за Коринстијанс, не се прослави ниту во Кина, каде што настапуваше за тимот на Тијажин Танхај. Како и да е, Бирмингам може да биде последен обид за Пато да извлече уште нешто добро од себе.
Поранешниот премиерлигаш пак се мачи во Чемпионшип лигата само со еден триумф по седум кола, па јасно е зошто паничниот ангажман на Пато е извесен. Инаку во втората лига на Англија игра уште едно Златно момче, ветеранот Вејн Руни е член на Дерби каунти, а наградата ја освои во 2004 година.