Косово убедливо со 3:0 го победи Кипар во меч од Лигата на нации и остана во трка за првото место во групата, во која засега најдобра е Романија која има максимални 12 бодови. Дуелот во Приштина немаше резултатска неизвесност и домаќините лесно стигнаа до нови три бода.
Освен од фудбалски аспект, овој меч предизвика внимание посебно во регионот, поради еден транспарент, односно знаме со мапата на Косово и симболот кој стои на албанското знаме. Покрај знамето стоеше и пораката „Сон на сите, наша реалност“.
Косово и Кипар играа и пред еден месец во Никозија, а и тогаш имаше нефудбалски инцидент, кога на трибините стоеше трапспарент „Косово е Србија“. Овојпат Косоварите возвратија со иста мера, со тоа што во мапата која беше истакната на стадионот во Приштина има делови и од Македонија.
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) October 15, 2024