Зошто во вилата на Роналдо има два тунели и бункер? (Видео)

Кристијано Роналдо веќе една година е жител на Торино. По трансферот во Јувентус, Роналдо живее во една од најраскошните вили во градот. Тоа е вила во која своевремено живеел и претседателот на клубот Андреа Ањели, а токму тој решил да му ја даде оваа вила на користење на првата ѕвезда во тимот.

Дневно изнајмување на вилата чини неверојатни 40.000 евра, а таа е распростанета на илјада квадратни километри, има осум тоалети, базен, повеќе спални соби, базен но и два тунели и еден бункер. Тунелите се направени за да му послужат на Роналдо да го избегне секојдневното „ловење“ од страна на папараците и да ја задржи приватноста која му е потребна.

Колку само Роналдо сака да му се почитува приватноста, покажува и фактот дека летово додека беше на одмор во Грција на оние кои беа задолжени да бидат послуга на Португалецот, беа наградени со бакшиш од 20.000 евра затоа што ниту една фотографија не беше направена од страна на папараците.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести