Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар, вечерва ќе испише историја за себе и за својата земја. Тие се првиот клуб од Босна и Херцеговина кој ќе игра во групната фаза на некое европско клупско натпреварување.
Мостарци вечерва во 18:45 часот на домашен терен ќе го пречекаат АЗ Алкмар, а раководството на клубот се огласи со интересно соопштение во пресрет на мечот.
Поради лошото време и силниот дожд кој денес врне во Мостар, тие ги известуваат навивачите дека влез на стадионот со чадори нема да биде дозволено, а од спонзорот на клубот се обезбедени 5.000 кабаници за дожд кои бесплатно ќе бидат делени пред стадионот.