Зверев исфрлен од турнирот во Акапулко откако со рекетот сакаше да го тепа судијата (Видео)

Александер Зверев во мексиканскиот град Акапулко го направи еден од најголемите скандали во поновата историја на тенисот и АТП донесе одлука да го исфрли Германецот од турнирот.

По завршувањето на мечот во двојки, на кој Зверев и неговиот партнер Марсело Мело загубија, третиот светски рекет наместо да се поздрави со судијата, со рекетот неколку пати силно мавна по столицата на која седеше главниот судија и за малку ќе го удреше по нозете. Потоа го навредуваше судијата, кому му порача дека е „е.ен идиот“.

Ваквото крајно неспортско однесување ќе биде санкционирано, а Зверев веднаш беше исклучен од турнирот на којшто играат и Данил Медведев и Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести