Српскиот првак Црвена ѕвезда извојува победа од 2-0 против ХЈК Хелсинки, па реваншот ќе одлучи која од овие две екипи ќе оди во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но предноста на белграѓани е солидна. Гостите се заканија само еднаш за 90 минути, кога дадоа гол од офсајд во 15-тата минута. Домашните цело време беа во офанзива, а дадоа само два гола. Првиот беше дело на Боаки во 27-мата минута, а гол даде и Павков во 90-тата минута.
Ова беше прилика и за новиот семафор на стадионот „Рајко Митиќ“ да биде искористен за можноста кога ќе падне погодок, да се појави зборот „Гол“ и фигура како се радува. Но, 40-те илјади присутни посакуваа поубедлива победа за помирен реванш. Овие 2-0 се добри, но не гарантираат дуели со Копенхаген во следната фаза.
Селтик го декласираше Номе Калју со 5-0 и ги реши сите дилеми. Естонците кои ја елиминираа Шкендија, немаа шанса против Шкотите, па ќе испаднат и ќе чекаат дали во квалификациите за Лигата на Европа повторно ќе налетаат на тетовци или ќе имаат двобој со Дуделанж.
Ова е првиот гол на белградските „црвено-бели“:
https://twitter.com/i/status/1154110437744685057
РЕЗУЛТАТИ: БАТЕ Борисов – Розенборг 2-1 (полувреме 1-1), Клуж – Макаби Тел Авив 1-0 (1-0), Ференцварош – Валета 3-1 (2-0), Марибор – АИК Стокхолм 2-1 (2-1), Селтик – Калју 5-0 (3-0), Црвена ѕвезда – Хелсинки 1-0 (1-0), Дандалк – Карабах 1-1 (0-1).