Ѕвезда и Макаби во продолжение ги добија драмите против Фенер и Реал Мадрид

Црвена ѕвезда го победи Фенербахче со 91:89 во меч на кој беше нерешено по 40 минути, па мораше да се игра продолжение од пет минути. Во дополнителните пет минути домашните кошаркари предводени од феноменалната публика стигнаа до предност од 90:84 и ја сочуваа предноста до крајот.

Неизвесно беше во Тел Авив каде Макаби истотака требаше да игра продолжение за да победи против Реал Мадрид.со 100:96, откако по 40 минути игра беше 86:86.

Домаќините доминираа во денешните дуели па Алба Берлин славеше над Лион Вилербан со 88:71, а Олимпијакос не дозволи изненадувања против Басконија и победи со 86:78. На домашен терен се радуваше и Виртус Болоња во дуел со италијанскиот ривал Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести