Ѕвезда сигурно губи од Тотенхем, Партизан – Манчестер ќе биде 1:1

Најдобрите српски клубови ќе имаат англиска задача во европските натпреварувања. Црвена ѕвезда вечерва ќе гостува во Лондон кај Тотенхем, во меч од третото коло од Лигата на шампионите, додека Партизан в четврток во Белград ќе го пречека најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед.

Во анализата која ја подготви некогашниот фудбалер Чарли Николс за „Скај спорт“, Ѕвезда ќе си замине поразена од Лондон, додека Манчестер јунајтед нема да победи во Белград.

„Тотенхем мора да победи. Имаа среќа против Ватфорд и се извлекоа со голот на Деле Али. Покетино направи сеудм измени во стартниот тим, но на теренот не го доби посакуваниот одговор. Се гледа дека Вертонген и Алдервејрелд не сакаат да бидат во тимот бидејќи не им е ни понуден нов договор, а слична е ситуацијата и со Роуз. Сон е најрасположен за игра. Брз е, технички добро подготвен и тој треба да биде во тандем со Хари Кејн. Црвена ѕвезда ќе даде достоен отпор, но мислам дека домаќините ќе победат убедливо“, вели Николс во анализата за денешниот меч.

Што се однесува до гостувањето на Манчестер јунајтед во Белград, прогнозата е дека тој меч ќе заврши 1:1.

„Тоа ќе биде тежок натпревар за Манчестер. Против Ливерпул имаа перформанс во стилот на Жозе Мурињо, но никогаш не смее да ги потцените, дури и кога играат лошо, знаат да победат. Солскјер ќе игра четворица играчи во дефанзивата, а средниот ред ќе треба да ја контролира топката. Ова ќе биде напорен меч за Манчестер и очекувам да заврши 1:1“, се вели во анализата на „Скај спорт“.

 

- Оглас -

Најнови вести