Ѕвездата на Ајакс алармира: Најдете ми го ова дете!

Еден од најдобрите играчи на Ајакс, Хаким Зијеш јавно преку социјалните мрежи започна акција да се најде детето кое му притрча на терен на гостувањето кај Лил, во групната фаза од Лигата на шампиони. Ајакс победи, а 11-годишното момче по име Јасин Хусаиру успеа да им избега на редарите и втрча на терент за да го прегрне Зијеш.

Фудбалерот на Ајакс му ветил на детето дека по мечот ќе му го даде дресот, но наместо тоа се случило измама. По завршување на средбата, Зијеш тргнал да го подари дресот на детето, а еден постар човек се претставил како татко на момчето и го земал дресот.

Сепак подоцна се утврдило дека човекот воопшто не бил татко на момчето, а дресот бил продаден на интернет за 700 евра. Подоцна во целата приказна се појави и детето, кое објасни зошто не го добил дресот.
„Не можев да останам во крајот бидејќи мајка ми ме чекаше. Имаше метеж во сообраќајот. Некој постар човек се претставил дека е мојот татко и го добил дресот од Зијеш“, објасни момчето Јасин.

Подоцна се јави и ѕвездата на Ајакс со објава на својот инстаграм профил. „Се обидувам да стапам во контакт со родителите на ова момче, кое ми притрча на мечот во Лил. Ве молам, споделете го ова, бидејќи постоеше човек кој тврдеше дека е татко на момчето, а јас му го дадов дресот. Очигледно дека сум го дал дресот на погрешен човек“, стои во дел од пораката на Зијеш испратена на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B5uyET7nYo7/?utm_source=ig_web_copy_link

 

 

- Оглас -

Најнови вести