Ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе се пресели во Баерн Минхен

Ашрах Хакими е еден од играчите кои сезонава блескаат во дресот на Борусија Дортмунд. Младиот 21-годишен крилен играч веќе втора сезона е дел од Милионерите, но како позајмен играч од Реал Мадрид. За Хакими немаше место во Кралскиот клуб, но со игрите во Борусија покажа дека има одличен талент.

Баерн Минхен е клубот кој би сакал да го види Хакими во своите редови. Ако се знае дека Дани Карвахал е неприкосновен по десната бековска страна во Реал, а Мароканецот сигурно нема да сака да биде резерва, мадридскиот гигант нема да има проблеми да го продаде Хакими.

Реал и Баерн имаат пријателски односи, но шпанскиот гигант најавува дека не планира да го продаде Хакими за сум под 60 милиони евра. Баварците го привлекуваат талентираниот играч со висока плата. Според најавите, тие планираат да му дадат годишна заработувачка од шест милиони евра.

Неколку години наназад се случува Баерн да купува играчи кои токму во дресот на Борусија Дортмунд го покажале целиот свој квалитет и талент, па нема да биде чудно ако Хакими само ја продолжи оваа низа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести