Ѕвездата на Челзи даде гол од слободен удар од 40 метри (Видео)

Мароко очекувано славеше на гостувањето кај Средноафриканската република победувајќи со 2:0 во меч од квалификациите за Купот на африканските нации. Со овој триумф Мароко стигна до 10 бода по четири кола, а домаќините останаа последни на табелата само со три бода.

Ѕвездата на Челзи, Хаким Зијеш, го постигна првиот гол за Мароко, и тоа на интересен начин. Беше досуден слободен удар за гостите, и тоа на околу 40 метри, до самата аут-линија. Зијеш центрираше, топката не ја зафати ниту еден играч и на крајот влезе во голот.

Во 90-тата минута гостите ја потврдија победата со погодокот на Ел Несри.

https://twitter.com/i/status/1328740441328676867

 

- Оглас -

Најнови вести