Ѕвездата на Манчестер јунајтед ги обвини фудбалерите на Сан Марино дека намерно сакале да го повредат

Данска се намачи, но на крајот успеа да победи на гости кај Сан Марино со 2:1. Малку фалеше Данска да биде шокирана затоа што Сан Марино израмни на 1:1 во 60-тата минута и тоа беше прв погодок на најслабата европска репрезенатција постигнат во 2023 година.

На крајот, Данска успеа да погоди по вторпат и да стигне до победа. Еден гол за Данска постигна ѕвездата на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, кој погоди за 1:0 во 42-рата минута. По тој гол, Хојлунд испрати провокација до домашните фудбалери и навивачи, а потоа голгетерот вели дека бил цел на намерни фаули од страна на противниците.

„Разбирам италијански и слушнав дека нивна цел била да ме смачкаат“, вели Хојлунд. На една од снимките се гледа како еден фудбалер на Сан Марино со колено го удира противникот во грбот и можеше тешко да го повреди.

https://twitter.com/i/status/1714580312590569901

По овие обвинувања од Хојлунд, стигна реакција и од играчите на Сан Марино.

„Ова не е вистина. Само му кажавме дека не се однесува како што не треба. Тоа што го направи не беше потребно. Тој е многу силен напаѓач, но воопшто не беше коректен. Неговото однесување кога го прославуваше голот беше неприфатливо“, одговори дефанзивецот на Сан Марино, Алесандро Тоси.

- Оглас -

Најнови вести