Ѕвездата на Реал Мадрид даде силно ветување: Бразил ќе ја освои титулата на следното Светско првенсто

Репрезентацијата на Бразил која важеше за главен фаворит за титулата на СП во Катар, е елиминирана во четвртфиналето од Хрватска и тоа по подобро изведување на пенали, и тоа беше шеста елиминација по ред за Кариоките од европска репрезентација на Мундијалите.

Поразот за Кариоките беше болен бидејќи дадоа гол во 105-та минута за водство од 1:0, а примија во 117-та минута од продолженијата, по што победникот мораше да се одлучува на пенали. Во пенал рулетот, голманот на Коцкестите, Доминик Ливаковиќ го одбрани ударот на Родриго, а по промашувањето на Маркињос, Бразил испадна од СП.

„Плачев на теренот, плачев во соблекувалната, плачев во авион, плачев кога дојдов дома и ќе плачам секогаш кога ќе помислам колку бевме блиску. Тоа е најлошиот ден во мојот живот, без сомнение. Неколку пати го напишав и избришав овој текст. Зборовите не можат да го опишат разочарувањето, но солзите остануваат. Насмевката ја снема и ќе ми биде потребно време повторно да ја најдам среќата. Но, го сакам фудбалот и ова ќе ми даде нови можности да го вратам Бразил таму каде што заслужува да биде, на врвот. Божјите планови се многу поголеми од нашите. Ќе се вратиме посилни од било кога“, напиша на социјалните мрежи, фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус жуниор.

Играчот на Реал Мадрид им даде ветување на фановите дека Бразил ќе ја освои титулата на идното Светско првенство што за четири години ќе се игра во САД, Мексико и Канада. ПОследната титула, Бразил ја освои 1994 година на Мундијалот што се играше токму во САД.

“Бразил, прости ми. Не успеавме во важен момент и ве изневеривме сите вас и жалам поради тоа. Ви благодарам за љубовта и поддршката. Бевте одлични. Бразил ќе ја освои титулата на СП 2026 година, запомнете го ова“, вети Винисиус жуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести