Во НБА-лигата кога се прави календарот пред сезоната, секогаш се внимава на божиќната вечер да биде спектакуларна и атрактивна за гледање бидејќи повеќето луѓе во САД се дома и може да уживаат во кошаркарски мајстории.
Така ќе биде и вечерва, се играат пет меча, некои од нив во необични термини.
Програмата стартува веќе во 18 часот по македонско време (пладне по њујоршко) со дуелот на популарниот Њујорк никс и Сан Антонио спарс на Виктор Вембањама.
Потоа игра и Лука Дончиќ, кој во Далас ја пречекува Минесота. Словенецот на божиќните мечеви има просек од 36,3 поени по меч, па од него може да се очекува ефикасна игра. Дончиќ е еден од речиси 80-темина кошаркари на кои во Sport Life може да се обложите колку поени ќе постигнат.
Ќе игра и првакот Бостон, кој е фаворит во дуелот со Филаделфија, на терен ќе биде и Леброн Џејмс, кој е прв стрелец во историјата на НБА и според бројот на поени дадени на Божик и мечеви играни на 25 декември (ова ќе му биде 19-ти пат). Џејмс и Лејкерс гостуваат кај Стеф Кари и Голден стејт.
Само на еден меч квотите го фаворизираат гостинот, и тоа на средбата на Феникс на Дурант со Денвер на Јокиќ.