Ѕвездите на Лејкерси шутираа како да се првачиња, доживеаа нешто што прв пат им се случи сезонава

Лос Анџелес лејкерс имаше очајна шутерска вечер и затоа не е изненадување високиот пораз од Оклахома сити тандер со 86:105. Еден од главните фаворити за титулата во НБА имаше едвај 35 отсто погодени шутеви од игра, а посебно катастрофален беше процентот за шут за три поени.

Ѕвездите на Лејкерс погодија само пет тројки од 37 шутеви што е само 13,5 отсто реализација. Во еден таков меч, не е ни чудо што тимот од ЛА во ниту еден момент од мечот немаше водство. Ова е прв меч сезонава на кој Лејкерс ниту еднаш не бил во водство.

Оклахома уште во првата четвртина дојде до двоцифрена позитива и со константно добра игра, во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се доближи на поблиску од пет поени негатива.

Крис Пол со 21 поени, седум скока и шест асистенции беше предводник во победничкиот тим, а Италијанецот Галинари додаде 19 поени. Леброн Џејмс даде 19 поени за Лејкерс, но имаше слаб процент на реализација. И покрај поразот, јасно е дека Лејкерс ќе биде прв на Западот во плејофот.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Орландо – Торонто 99:109, Бостон – Бруклин 149:115, Вашингтон – Филаделфија 98:107.

- Оглас -

Најнови вести