Ѕвездите на Наполи не го сакаат тренерот, минатото коло се налути Квара, сега Осимен

На тренерот на Наполи, Руди Гарсија, не му цутат розите, напротив, се проширува фронтот против него и веќе почнаа барања за негово разрешување.

Минатиот викенд Хвича Кварацхелија му се налути на Гарсија што беше изваден од игра, а вчера и Виктор Осимен се налути што беше повлечен на клупа на меч на којшто Наполи бркаше резултат.

Наполи ги размази своите фанови во минатата сезона, тие веруваа дека тимот и оваа сезона може да гази, но не е така. Наполи во последните три кола во Серија А освои само два бода, па навивачите бараат да си оди Гарсија.

Италијански медиуми тврдат дека ѕвездите на Наполи се незадоволни од работата со Гарсија и дека замените не се главна причина за јавното изразување револт. Кварацхелија и од Спалети беше заменуван, па не се лутеше.

- Оглас -

Најнови вести