Во Серта е празник, Бенфика ќе го зачини со фестивал од голови

Клупскиот фудбал се враќа на сцената, скромно, но сигурно, а вистински возбудувања следат викендов. За денеска понудата е поскромна и има натпревари од пониските рангови на натпревари во неколку првенства и куп мечеви.

Ќе се обидеме со пет предлог типови да ви помогнеме во прогнозирањето.

 

Хвидовре – Коге (19.00 часот)

Ова е меч од втората по квалитет данска лига, а поранешниoт прволигаш Коге е фаворит. Гостите се кандидати за враќање во Суперлигата, каде играа на двапати, откако во 2009 година беа формирани со фузија на два клуба.

Хвидовре дури има и поголемо реноме во данскиот фудбал, има традиција на постоење цели 93 години и клупските витрини ги красат три шампионски трофеи. Во моментов се во опасната зона за испаѓање по 13 одиграни натпревари.

Коге со 28 погодоци е најефикасната екипа во Втората лига, а Хвидовре со 24 примени ја има втората најлоша одбрана. Тоа ветува голови, а и нивните меѓусебни дуели речиси без исклучок се многу ефикасни.

Предлог тип: 1+I и 2+II (2.55) Квота на денот

 

Авранш – Лавал (20.45 часот)

Лавал е многу поголемо име во францускиот фудбал од Авранш, но деновите на слава завршија во минатиот век. Лавал 13 сезони по ред играше во најсилната француска лига, има дури и едно учество во Купот на УЕФА и елиминација на гигантот Динамо Киев.

Падот по испаѓањето беше тежок и моментно Лавал игра во националната лига на Франција, што е трето по ранг натпреварување. И по 10 рунди е на првото место со амбиции да се врати во Втората лига. Играат добро и се фаворити и вечерва против тимот од Нормандија, но посигурен тип од двојката е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.15) Квота на денот

 

Рајо Махадахонда – Спортинг Хихон (20.00 часот)

Во Мадрид гостува поранешниот прволигаш Спортинг од Хихон, а мечот од „Копа дел Реј“ е шанса за реванш по поразот во првенството.

Рајо Мадахонда пред десет дена го победи Спортинг во првенствен меч од популарната Сегунда со 2:1, а интересно е што домаќините се без нерешен резултат од почетокот на сезоната. Имаат 4 победи и пет порази, па се чека првото реми. Можеби мечот од купот денеска е вистинска шанса за прогнозерите да ја „фатат“ првата нула на клубот од Мадрид.

Предлог тип: Х (2.95)

 

Алмерија – Реус Депортиу (21.00 часот)

И ова е меч од раната фаза во шпанскиот кралски куп, а вистински куриозитет во дуелите на двата клуба е што сите пет меѓусебни натпревари завршуваа со победа на еден од двата состави. Изненадувачки каталонскиот клуб Реус Депортиу е поуспешен и има три победи и два порази со Алмерија.

Сепак фаворитот се знае, тоа е Алмерија, која има многу поголемо педигре во Шпанија, но тука може да се искористи и традицијата, која покажува дека на сите пет меѓусебни мечеви немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.70)

 

Сертанензе – Бенфика (21.45 часот)

Во Серта вечерва ќе биде празник, бидејќи на гости им доаѓа повеќекратниот португалски првак и двоен европски шампион Бенфика.

Сертанензе е нисколигаш и овој меч од купот на Португалија би требало да биде само полесен тренинг за „орлите“ од Лисабон. Би било чудо Бенфика да потклекне во раната фаза од купот, а за очекување е гостите да го зачинат денот за паметење во Серта со фестивал од голови.

Предлог тип: 4+ (1.72)

 

- Оглас -

Најнови вести