Германија и Бразил со убедливи победи ќе се загреваат за Мундијалот, интересно ќе биде и во Шпанија (Фото)

6795 Германија – Финска (20:45)

Германија има седум победи по ред во сите натпреварувања, па сигурно дека ќе сакаат да го задржат овој ефект и во пресрет на Светското првенство. „Панцирите“ за противник во пријателски меч ја имаат Финска, селекција која никогаш не ги победила, а во 70-годишната историја на нивните меѓусебни натпревари само четирипати одиграле нерешено.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.87)

 

6796 САД – Сенегал (21:30)

Еден од домаќините на Мундијалот, селекцијата на САД, ќе одигра контролен дуел против Сенегал, што ќе биде прв меѓусебен на овие репрезентации. Американците на пет од последните шест меча одиграа „гол-гол“, па така се очекува да биде и вечерва во Шарлот.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50)

 

6797 Бразил – Панама (23:30)

Бразил за Светското првенство ќе се „загрева“ со меч против Панама, селекција против која имаат две победи и едно реми во меѓусебните дуели. Претпоставките се дека Карло Анчелоти ќе комбинира на овој меч, но кој и да се најде на теренот ќе сака да докаже и покаже дека го заслужува повикот да го облече дресот на „кариоките“ на Мундијалот.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.40)

 

1315 Сантандер – Кадиз (18:30)

Сантандер од следната сезона ќе игра во Ла Лига, но вечерва пред своите гледачи со победа ќе треба да го потврди првото место во второлигашката конкуренција и да го крене трофејот за најдобра екипа во Ла Лига 2. Противник ќе им биде Кадиз, екипа која е во долниот дел на табелата, па очекувањата се дека домашните лесно ќе победат.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.76)

 

1313 Алмерија – Ваљадолид (18:30)

Алмерија со победа на домашен терен против Ваљадолид треба да го потврди местото во разигрувањето за пласман во повисок ранг, а ако победат не само што ќе имаат шанса за влез во Ла Лига, туку ќе се најдат и на пол-позицијата. За разлика од нив, Ваљадолид веќе си го има обезбедено опстанокот и резултатски императив ќе може да го одигра мечот.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.84)

- Оглас -

Најнови вести