Арне Слот е најсериозен кандидат за тренер на Милан?!

Само ден по заминувањето од клупата на Ливерпул, холандскиот тренер Арне Слот се појави како главен фаворит за преземање на Милан.  Раководството на Милан експресно започна потрага по нови решенија по големите промени во клубот. По неуспехот да се избори пласман во Лигата на шампионите, беа разрешени речиси сите клучни луѓе во спортскиот сектор.

Без функција останаа тренерот Масимилијано Алегри, извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Жофри Монкада.

Иако како можен наследник на Алегри се споменуваше Андони Ираола, кој со Борнмут обезбеди настап во Европа, сè поголеми се шансите шпанскиот стручњак кариерата да ја продолжи во Ливерпул.

Од друга страна, сопственикот на Милан, Џери Кардинале, во Арне Слот гледа долгорочно решение за клупата на „росонерите“.

- Оглас -

Најнови вести