Миланското дерби по долги години е повторно „хит“ во Италија. Двете екипи доведоа неколку квалитетни играчи со кои можат повторно да бидат конкурентни за Скудетото, во оваа или во наредните неколку сезони. Иако сегашните играчи не можат да се споредуваат со великаните кои некогаш ги бранеле боите на овие екипи, ќе се обидат да го вратат стариот сјај на „Дерби дела мадонина“.
Иако градки ривали, Интер и Милан низ годините немале проблем да разменат играчи, ниту пак да ангажираат некој играч кој во својата кариера играл за едната или другата екипа. Такви има неколку, а меѓу нив се „Ил феномено“ Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф…
12 фудбалери кои ги носеле дресовите на Интер и на Милан:
Патрик Виера – Милан 1995/1996, Интер 2006/2010
Кларенс Сидорф – Интер 2000/2002, Милан 2002/2012
Ернан Креспо – Интер 2002/2003; 2006/2009, Милан 2004/2005
Златан Ибрахимовиќ – Интер 2006/2009, Mилан 2010/2012
Роналдо Назарио – Интер 1997/2002, Mилан 2007/2008
Андреа Пирло – Интер 1998/2001, Милан 2001/2011
Кристијан Виери – Интер 1999/2005, Милан 2005/2006
Едгар Давидс – Mилан 1996/1997, Интер 2004/2005
Тарибо Вест – Интер 1997/1999, Милан 2000/2001
Марио Балотели – Интер 2007/2010, Милан 2013/2014; 2015/2016
Сулеј Мунтари – Интер 2008/2012, Милан 2012
Франческо Коко Милан 1995/2002, Интер 2002/2007
Вечерва се очекува спектакл, Интер и Милан ќе се судрат по 222. пат на „Сан Сиро“, во овој случај на „Џузепе Меаца“, бидејќи „нероаѕурите“ се во улога на домаќини.