Бостон сака реприза против најтрофејниот тим во НХЛ

Еван Фурние (НБА, Орландо меџик – Голден стејт вориорс 00 часот)

На последните 10 меча против Голден стејт Еван Фурние само еднаш ја минал границата од 21 поен, колку што е сега поставено во додатокот на Sport Life, но тоа беа дуели во сосема поинаква позиција на двата клуба.

Во моментов Голден стејт воопшто не личи на шампионскиот состав, што беше речиси непобедлив во последните неколку сезони, а повредите на Кари и Томпсон и заминувањето на Дурант ги фрли воините на дното во Западната конференција.

Ноќеска нема да игра и Деанџело Расел, па јасно е кој е фаворит за победа. Кај Орландо можно е да не игра Арон Гордон, што ќе значи дека Фурние ќе има повеќе простор и ќе биде избор број еден во нападот на Меџик.

Францускиот репрезентативец може да постигне повеќе од 20,5 поени и ќе типуваме дека ноќеска ќе биде ефикасен.

Предлог тип: >20.5 поени (1.87)

 

Алек Буркс (НБА, Орландо меџик – Голден стејт вориорс 00 часот)

Во ситуација кога редовите на Голден стејт се десеткувани со многу повреди на главните играчи, Буркс ќе биде главниот адут за евентуална петта победа на воините во НБА лигата.

Буркс беше најавен како голем талент во НБА со изборот како 12. пик во првата рунда на драфтот во 2011 година. Тоа е висока позиција, а Јута беше клубот каде Алек ги мина првите 7 сезони. Имаше доста проблеми со повредите, а интересно е што дури сега во 11. сезона што ја игра во НБА го има најдобриот просек на поени, 15, како кошаркар на Голден стејт.

Ноќеска тој ќе биде лидер на тимот во отсуство на Кари, Томпсон и Расел, а игра одлично во последно време и ќе типуваме дека ќе уфрли повеќе од 15 поени.

Предлог тип: >15.5 поени (1.87)

 

Торонто репторс – Јута Џез (НБА, 00 часот)

Ноќеска во „Скоцијабенк арена“ во Торонто ќе играат два кандидати за настап во плејофот и два тима што знаат да играат одбрана.

Интересно е што и шампионот Торонто и Јута имаат ист просек на примени кошеви, по 104, што е многу за нивниот капацитет, но е солидно со оглед на ерата на ултраефикасна кошарка што се игра во НБА, особено во оваа и во претходната сезона.

Јута на почетокот играше извонредно во дефанзива и на стартните пет меча ниту еднаш не прими 100, или повеќе поени. Прв тим што успеа да им уфрли стотка беше Сакраменто, а Џезерите дури во шестиот меч го претрпеа првиот пораз. Потоа попуштија во дефанзивата и стасаа и поразите, а Јута ги има 7 на 19 натпревари.

Меч против шампионот секогаше е голем предизвик, па очекуваме Јута да одигра посериозно, а има капацитет да се натпреварува со сите ривали во Лигата кога игра цврсто во одбраната.

Торонто има проблеми со повреди на играчите и повторно нема да игра Лаури, веројатно и Ибака. Паскал Сијакам и Фред ван Флит го носат тимот што има шест победи по ред и е втор во Источната конференција. И домаќините ќе мораат да одиграа стабилно во одбраната за да се надеваат на успех против опасниот ривал од Јута.

Предлог тип: < 212.5 поени (1.67)

 

Лос Анџелес клиперс – Вашингтон визардс (НБА, 04.30 часот)

Вашингтон е еден од најефикасните тимови во НБА, но колку дава, уште повеќе и прима. Тоа е стил на кошарка што потполно му одговара на ривалот од Лос Анџелес.

Клиперс имаат состав за високи дострели, секако со Ленард, Џорџ, Вилијамс, Харел… ќе се брка и титулата, а ваквите дуели им се добредојдени за да одиграат порелаксирано.

За Вашингтон и оваа сезона ќе биде тешка, го немаат во составот Џон Вол, што е голем хендикеп, па само Бредли Бил има Ол-стар калибар во составот што тешко ќе стаса до плејофот.

Очекуваме ран-енд-ган кошарка и овојпат од Вашингтон, а Клиперс ќе го прифатат предизвикот во меч што би требало да биде многу ефикасен.

Предлог тип: >235.5 поени (1.77)

 

Бостон бруинс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи што се гиганти во НХЛ се во сосема различна позиција во првиот дел од сезоната и додека Бостон гази со шест победи по ред, најтрофејниот клуб во историјата, Монтреал, страда со седум порази во серија.

Едниот од нив беше катастрофален, токму од Бостон со 1:8 на домашен терен, што е голем дебакл за 24-кратниот НХЛ шампион.

Бостон бие битка за првото место во Источната конференција со Вашингтон и ако победи ќе има и предност со ист број на бодови, но и меч помалку.

Монтреал и покрај серијалот неуспеси има 28 бода и се надева на позиција што ќе донесе настап во плејофот, но како играат поразот и ноќеска е неизбежен.

Двете екипи се основачи на НХЛ лигата, како дел од „Оригиналните шест“, па ваквите мечеви секогаш се класици во НХЛ лигата.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести